Технологија

И Google има конкурент на Zoom и на Skype – апликацијата Мeet отсега е бесплатна

После апликациите Zoom и Skype, кои значително ја олеснуваат комуникацијата во ова време на пандемија затоа што се прилагодени за конференциски разговори, освен Facebook, и сега Google претстави нов конкурент. Апликацијата Meet има иста намена како претходно, но сега е достапна за широката јавност затоа што станува бесплатна.

Google ја опишува Meet како врвна алатка која е наменета токму за видео-конференции. Технолошкиот гигант Google пред некој ден објави дека апликацијата Meet за неколку седмици ќе им биде достапна на сите корисници кои имаат електронска пошта, дури иако таа не е Gmail.

Досега за Google Meet требаш да се плаќа во склоп на бизнис или едукативни пакети преку G Suite, а во иднина кој било со профил на Google ќе може да отвори бесплатни видео-состаноци.

Работењето од дома како резултат на корона вирусот придонесе за поголема популарност на сите аликации кои нудат можност за видеоконференција. Извршниот директор на Alphabet, Сундар Пичаи изјави дека Meet неодамна ги надминала сите рекорди и на дневно ниво додава по 3 милиони нови корисници. Денес Meet се користи 30 пати повеќе отколку во јануари годинава, а моментално има повеќе од 100 милиони учесници на дневни состаноци.

Од Google истакнаа дека состаноците на Meet ќе бидат ограниечни на 60 минути дневно, но тоа се очекува дури од септември. Дотогаш во апликацијата ќе може да учествуваат неограничен број луѓе, а доколку се постави лимит, тоа ќе биде околу 100 луѓе.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content