СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Прилеп :Осумнаесет излекувани и тројца новозаболени од коронавирус

Во општина Прилеп денеска се евидентирани 3 нови случаи на новозаболени од КОВИД-19, а 18 пациенти се излекувани од оваа заразна болест со што бројот на излекувани пациенти во општинава изнесува 49.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 16 лица. Од нив, 14 се позитивни на коронавирус а двајца пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Двајцата се негативни на КОВИД-19, задржани се заради примање терапија за подобрување на нивната општа здравствена состојба.

Во самоизолација се наоѓаат 228 лица.

Во изминатото деноноќие немало нарушување на полицискиот час.

 

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content