Земјоделие

Земјоделците до утре да ги искористат ланските картички за „зелена нафта“

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува сите корисници на мерката „зелена нафта“ дека рокот на минатогодишните картички за точење на „еуро дизел“ гориво за земјоделска механизација истекува утре (30 април).

„Апелираме до сите земјоделци, доколку имаат уште средства за точење на гориво за земјоделската механизација, истите да ги искористат, затоа што по 30 април, картичките ќе бидат блокирани“, се наведува во соопштението на Агенцијата.

Воедно се информира дека веќе е завршена тендерската постапка и во рок од два месеца компанијата која е избрана ќе треба да ги испечати новите картичките да ги достави до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, по што истите ќе бидат дистрибуирани до земјоделците.

„Годинава, преку оваа мерка ќе се покрива 50 отсто од трошокот за производство. Лани, кога за прв пат беше воведена оваа мерка покриваше само 30% од производниот трошок утврден согласно методологијата“, се објаснува во соопштението.

Кој колку пари ќе добие на картичката, ќе зависи од видот на производството кое го пријавил за субвенции.

Со персонализираните „зелени картички“ и со расположливата сума со нив и годинава, како и лани, ќе може да се точи само „еуро дизел“ за земјоделска механизација.

Со оваа мерка ќе бидат опфатени околу 60.000 земјоделци.

извор: Makfax

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content