СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Џафери дециден: Мандатите се вратени, пратениците неможат да го свикаат Собранието – ТОА Е КЛАСИЧЕН ПУЧ

Претседателот на Собранието, Талат Џафери,на денешното гостување во емисијата „Клик Плус“ која се емитува на ТВ21 зборуваше за прашањето кое што е актуелно овие денови за повторно свикување на Собранието.

Тој ја објасни процедурата што се однесува на иницијативата на СДСМ и рече дека такво нешто не е можно бидејќи пратениците по сопствена волја го вратиле мандатот кај народот и затоа само народот преку избори може да го врати Собранието.

Собранието може да се врати само на следните избори, и тоа може да го стори народот, рече Џафери.

Тој исто така ги коментираше и изјавите на дека и доколку не сака Претседателот на Собранието одреден број на пратеници можат да го свикаат истото.

За ова Џафери рече дека не е законски и дека доколку се случи би бил класичен пуч.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content