СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Смокви: Извор на витамини и многу други здравствени придобивки

Смоквите – плодови на листопадните дрвја од родот фикус, се дел од човековата исхрана со векови.

Ова овошје во облик на солза најдобро успева на Блискиот Исток и Средоземјето и се препорачува да се консумира за многубројни здравствени придобивки за телото.

Смоквите може да се јадат свежи или сушени, а нивната природна сладост ги прави совршена замена за шеќерот во колачи и пити. Виолетовата или зелената кора од смоквата, исто така, се јаде, како и нивната розова внатрешност.

 

Смоквите содржат повеќе неопходни хранливи состојки за нашето тело, како што се калциум, магнезиум, железо и витамините А, К и Б-6. Тие се полни и со растителни влакна, феноли, флавоноиди, како и антиоксиданти коишто ја спречуваат и намалуваат штетата што слободните радикали им ја прават на клетките.

Смоквите помагаат во намалување на крвниот притисок и холестеролот. Докажано е дека тие можат да влијаат на намалување на крвниот притисок, како и на нивото холестерол. Смоквите се добри и за дијабетичарите. Научно истражување од 1998 година открива дека умерениот внос смокви ги намалува инсулинските потреби за 12 насто.

Смоквите поттикнуваат подобро варење и се користат како природен лек за проблеми со запек. Тоа е така, бидејќи тие содржат растворливи влакна, што е делотворно за здравјето на цревата.

Смоквите се добри и за кожата. Кремите кои содржат суви екстракти од смоква помагаат во борбата против егземата и сувата кожа. Поради антиоксидансите, смоквите се добар сојузник и против брчките.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content