СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Викендов се изврши уште една дезинфекција на јавните површини во Прилеп

Финишираше дводневната акција за целосна дезинфекција на градот, спроведена од страна на Општина Прилеп.

После саботната дезинфекција на улиците во градот, вчера беа дезинфицирани јавните површини пред станбените згради, влезовите и скалите, се’ до највисоките катови на зградите.

Акцијата ја спроведоа триесетина волонтери, кои согласно планот на Општинскиот кризен штаб, со електрични и моторни пумпи ги дезинфицираа сите згради на територијата на град Прилеп.

Со почетокот на новата работна недела, градоначалникот Илија Јованоски и Општинскиот штаб за управување на кризи, ќе одлучат за начинот на кој ќе продолжи справувањето со пандемијата на КОВИД-19 и, во таа насока, за евентуалното преземање нови мерки.


Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content