Економија

За работниците ќе важат старите дозволи за движење во полициски час

Компаниите повеќе нема да треба да издаваат нови дозволи за движење на работниците до работните места со секоја промена на режимот на движење и периодот на траење на полицискиот час, туку ќе важат веќе издадените дозволи.

Македонската влада донесе одлука со која се продолжува важноста на веќе издадените дозволи за движење за време на полициски час на работниците поради вршење на сменска и ноќна работа. Со последната одлука работодавачите немаат повеќе обврска да го менуваат датумот и временскиот период во образецот заради нивно усогласување со одлуката за изменување на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата.

Овие дозволи ги издава работодавачот на пропишан образец од страна на Владата. Во дозволата се наведуваат основните податоци за работникот, адресата на живеење, но и работното место и називот на компанијата во која работи. Притоа, се наведува и смената во која е ангажиран работникот. Дозволата е потврда за движењето на работникот во услови на полициски час и истата се приложува на увид до органите на државата во случај на контрола. Овие издадени дозволи од страна на работодавачот не треба да бидат заверени и потврдени од страна на Министерството за внатрешни работи или надлежното ОВР, соопшти Владата.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Види истотака

Close
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content