СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Викендов нова дезинфекција на јавните површини во Прилеп

Од Општина Прилеп информираа дека денеска, веднаш после почетокот на забраната за движење на граѓаните, во 15.00 часот,  започна акција за дезинфекција на сите улици и јавни површини во градот. Акцијата ќе биде реализирана со волонтери од Прилеп и населените места, кои со триесетина трактори опремени со прскалки ќе ги дезинфицираат улиците во сите населби во градот, вклучително и тесните улици во кои цистерните на јавните комунални претпријатија немаат пристап.

За таа цел, се замолуваат граѓаните да ги отстранат своите возила од јавните површини и да ги паркираат на соодветни места, заради непречено движење на возилата за дезинфекција по градските улици и поголема ефикасност во нивната дезинфекција.

Акцијата продолжува и утре, недела 26 април во 10.00 часот, кога триесетина волонтери на Општина Прилеп ќе ги дезинфицираат влезовите и јавните површини пред сите згради во градот.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content