СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Завод и музеј Прилеп: Ќе се заштитува вредниот иконостас во црквата „Свето Благовештение”

Нема опасност од натамошно пропаѓање на вредниот иконостас во прилепската црква „Свето Благовештение" и есенва ќе почне неговата заштита, потврдуваат од Заводот и музеј – Прилеп.

Според Благоја Атанасоски, директор на Заводот и музеј, анализите што се направиле покажале дека е стопиран процесот на разјадување на што долго се укажуваше и нема опасност тој да падне.

-Досегашните мостри што ги зедовме за анализа и на боениот и на дрвениот слој, покажаа дека дрвениот слој е во добра состојба, нема процес на понатамошно разјадување од штетници. Тој процес е стопиран. Врз база на тоа е проектот за заштита на дрвениот и на сликаниот слој. Значи, вредниот иконостас нема опасност да се уништи. Запрен е процесот од штеточини и нема понатамошно уништување, вели Атанасоски.

 

Конзерваторските работи ќе почнат есенва, има обезбедено пари и ќе се одвива во фази.

-Проектот за заштита на иконостасот е речиси готов. Имаме средства за реализација, околу 150. 000 денари и есенва ќе почнеме со реализацијата на проектот за неговата заштита. За попрецизно, во проектот се опфатени иконите во медајлоните во иконостасот. Во втора фаза ќе бидат третирани иконите во Црквата. Тоа е макотрпна работа. Почнуваме есенва, имаме конкурирано за в година за втората фаза и засега не може да се каже до кога ќе трае проектот за заштитата на овој вреден иконостас, објаснува Атанасоски.

Иконостасот со димензии 16 на 7 метри е најголем и е ремек дело на познатиот зограф Петре Гарката. Направен е пред 180 години кога е изградена црквата „Свето Благовештение”. Иконостасот прв по големина во земјава, а е трет по непроцелнивата вредност, веднаш по иконостасите во Бигорскиот манастир и во скопската црква „Свети Спас”.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content