СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Во Прилеп втор ден по ред нема нови случаи на коронавирус

Прилеп денеска останува на бројката од 117 инфицирани со корона вирус , откако и денеска нема новозаболени лица во нашиот град , информираше на денешната  прес конференција градоначалникот Илија Јованоски.

„Што се однесува до денешната состојба со КОВИД-19 во нашата општина, до овој момент нема новозаболени лица со коронавирус. Во Инфективното оддление се хоспитализирани 24 пациенти. Од нив 19 се позитивни на коронавирус, од кои 3 се на кислородна поддршка. Пет пациенти се наоѓаат во
изолација, земен им е брис и се чекаат резултати. Досега, во Центарот за јавно здравје земени се вкупно 460 материјали, од кои 117 биле позитивни. Имаме 7 целосно излекувани пациенти со потврдени 2 последователно негативни брисови на КОВИД-19, 6 пациенти се со еден потврден негативен брис, а за вториот се чека резултат. Во самоизолација се наоѓаат околу 500 лица“, потенцираше градоначалникот Јованоски.

На ниво на држава потврдени се 7 нови случаи на КОВИД 19 ,по градови: Куманово – 2, Тетово – 3 и Кочани – 2 ,со ова вкупната бројка на дијагностицирани случаи во нашата земја е 1231 , информираат од Министерството за здравство.

Регистрирани се 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови и тоа 5 од Кочани, по 4 од Скопје и Дебар, по 3 од Прилеп, Штип и Тетово, и по 1 од Струмица и Куманово.

Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Лабуништа на 70 годишна возраст. Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина.

Бидејќи во вчерашниот извештај на ИЈЗ е двојно евидентиран еден контролен тест на пациент од Кочани, денеска е направена исправка со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1231 , велат од Министерството.

Во изминатото деноноќие направени се 207 теста.

Досега во земјата се направени вкупно 12340 тестирања на ковид -19.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content