Локално

Прилепчани од среда задолжително треба да носат заштитна опрема при излегување

Почнувајќи од  среда, 22 април, се воведува мерка за забрана за движење на населението на подрачјата на општините  Прилеп , Кумановои Тетово без носење на соодветна заштитна опрема (маска, шал, марама и сл.), надвор од своите домови, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници или сл одлучи Владата.

Одлучено е Министерството за здравство да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила во која правно ќе го нормира ова прашање, начинот на имплементирање, користење и потребната заштитна опрема.

Министерството за здравство, исто така, ќе треба да подготви и уредба со која ќе се уреди прашањето на минимум задолжителната количина (резерва) што производителите на маски треба да ја имаат за потребите на државните институции.

Владата одлучи да им се препорача на сите граѓани во Република Северна Македонија, а особено на оние што живеат на подрачјата на општините Куманово, Прилеп и Тетово, согласно одлуките, мерките и препораките на Владата, да го редуцираат излегувањето од своите домови, и тоа само од најнеопходни причини, заради одење на работа, како и излегување од својот дом на само еден член од семејството заради купување намирници и лекови од маркетите и аптеките.
Министерството за здравство е задолжено да определи едно лице како точка за комуникација и координација на дневна основа со сите здравствени установи во Општина Куманово.

Задолжение доби и МВР, во соработка со општинските штабови за заштита и спасување, најдоцна до 21 април 2020 година (вторник), да подготват посебен оперативен план за присуство и дејствување на припадниците на полицијата во подрачјата на општините Куманово, Прилеп и Тетово, преку користење на засилени патроли и засилено присуство, користење на мегафонска опрема од полициските возила на јавните места и површини, со цел контрола над почитувањето на одлуките, мерките и препораките донесени од Владата на Република Северна Македонија.
Донесена е одлука со која од вторник се забранува организиран превоз на патници односно забрана за влез и излез во и од подрачјето на Општина Тетово и сите околни општини.

Исклучок од оваа забрана, се наведува, е организираниот превоз што го вршат економските оператори за своите вработени лица до работните места, како и организираниот превоз на вработените лица во МВР, МО-Армијата, како и вработените во ТППЕ во овие општини.

 

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content