Здравје

Предлог за забавна изолација:10 одлични друштвени игри

Во овие времиња кога треба сите да останат во своите домови, неопходна е квалитетна занимација.

Можеби сметате дека сте „принудени“ на секојдневна монотонија, но не заборавајте: моментите поминати со вашето семејство се едни од најскапоцените спомени.

Постојат голем број на друштвени игри кои може да допринесат кон целосна забава и уживање во вашите домови.

Во продолжение ви претставуваме некои од нив:

Игри со карти

Секој од нас, од најмладите до најстарите уживаат во задоволствата на игрите со карти.

Едни од најпознатите се: „бриџ“, „тонч“, „џандар збира“, „табланет“, „макао“, „кент“, „канаста“ и др.

Сè што ви треба е шпил карти, хартија и молив за резултати и секако: добро расположение и натпреварувачки дух!

Predlog-za-zabavna-izolacija-10-odlichni-drushtveni-igri-za-kvalitetno-vreme-so-vashite-najbliski 02 630x420.jpg

Не лути се човече

Препознатливата игра „не лути се човече“ е игра која многу луѓе ја нарекуваат „налути се човече“, затоа што иако таа ни вели да ја оставиме лутината на страна, резултатот е речиси секогаш спротивен.

Едноставна, но интересна игра, тензична до самиот крај.

Победник останува само еден, оној кој има најдобра тактика и најголема среќа.

Predlog-za-zabavna-izolacija-10-odlichni-drushtveni-igri-za-kvalitetno-vreme-so-vashite-najbliski 03 630x354.jpg

Монопол

Монополот е игра која што вклучува два до шест играчи.

Целта на играта е да купите што повеќе имот, да го изнајмувате или препродавате и да имате што е можно повеќе пари, така што ќе останете единствениот играч до крајот на играта, што по можност ќе ги поседува речиси сите имоти.

Играта се игра во однапред определен редослед, а играчите ги преместуваат своите фигури за онолку места колку што добиваат со собирање на бројките од фрлањето на двете коцки.

Монополот е една од најдинамичните игри која може да се игра со часови.

Predlog-za-zabavna-izolacija-10-odlichni-drushtveni-igri-za-kvalitetno-vreme-so-vashite-najbliski 04 630x420.jpg

Ризик

Целта на оваа игра е  да се заврши предвидената задача и да се покаже картичката за задачи.

Секоја задача е тајна до крајот на играта. Играта е направена за најмалку два до шест играчи, секој со своја боја: сина, црна, виолетова, жолта, зелена или црвена.

Играта е дизајнирана така што таблата е стилизирана мапа на светот во центарот на Европа.

Континентите се поделени на помали области именувани според некои земји, провинции или географски области (на пр. Северна Африка).

Брза географија

Игра од детството која сите ја обожававме.

Првиот чекор е да се утврдат полињата што ќе се користат во играта.

На секое лице му се доделува лист хартија на кој потребно е да ги внесете термините што започнуваат со дадената прва буква.

Држава, град, село, животно и друго…

Играта е уште поинтересна кога нејзиното времетраење е ограничено.

Predlog-za-zabavna-izolacija-10-odlichni-drushtveni-igri-za-kvalitetno-vreme-so-vashite-najbliski 05 630x473.jpg

Сложувалка

Сложувалката е игра која ја покажува генијалноста или знаењето и снаодливоста на една личност.

Станува збор за парчиња кои на логичен и забавен начин треба да се состават во една целина.

Без разлика на големината на сложувалката, неа може да ја составуваат повеќе лица.

Predlog-za-zabavna-izolacija-10-odlichni-drushtveni-igri-za-kvalitetno-vreme-so-vashite-najbliski 06 630x420.jpg

Твистер

Игра за која што е потребно малку повеќе простор, но загарантирува одлична забава.

Во неа можат да учествуваат два или повеќе играчи.

Потребна ви е подлога со обоени кругови, која можете да си ја направите и сами и секако: индикатор за акција.

Во зависност од индикаторот за акција, играчите мора да стапнат со нозете или рацете на круговите со одредената боја.

Predlog-za-zabavna-izolacija-10-odlichni-drushtveni-igri-za-kvalitetno-vreme-so-vashite-najbliski 07 630x420.jpg

Асоцијација

„Асоцијација“ е игра која што се игра во парови.

Постојат повеќе начини за нејзино играње.

Најчесто се смислуваат повеќе зборови кои се запишуваат на мали ливчиња,  се мешаат во еден сад и потоа се извлекуваат.

Во првиот круг извлеченото зборче се опишува со повеќе зборови, во вториот само со едно, а пак во третиот со пантомима.

Забрането е користење на синоними, коренски зборови или исти зборови на англиски јазик.

Погоди кој сум

На едно ливче запишувате име и презиме на некоја личност, a по желба и животно.

Во игра се имињата на различни луѓе, неважно дали станува збор за познати личности или пак личности од вашето секојдневие.

Секој од играчите добива едно парче хартија кое се лепи на неговото чело и играта може да започне.

Едниот играч му поставува прашања на оној кој погодува, а тој одговара само со „да“ или „не“.

Predlog-za-zabavna-izolacija-10-odlichni-drushtveni-igri-za-kvalitetno-vreme-so-vashite-najbliski 08 630x630.jpg

Домино, шах и табла

И за крај, едни од најлогичните и најинтересни игри за двајца, за кои е потребно навистина големо внимание.

Predlog-za-zabavna-izolacija-10-odlichni-drushtveni-igri-za-kvalitetno-vreme-so-vashite-najbliski 09 630x419.jpg

Претворете го вашиот домашен престој во загарантирана забава!

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content