СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Се одложуваат постапките за престанок на договор за вработување или договор за продолжување на вработувањето на здравствен работник

Владата на предлог на Министерството за здравство денеска во рамки на 40.седница ја усвои Уредбата за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствена заштита за време на вонредна состојба.

Со Уредбата, како што соопшти владината прес-служба, се уредува престанокот на вработувањето по сила на закон, со престанок на Договорот за вработување или Договорот за продолжување на вработувањето на здравствен работник односно здравствен соработник, поради возраст, се одложува за време на траењето на вонредната состојба, во случај на стекнување право на старосна пензија, кога ќе наполни 64 години за маж, односно 62 години за жена согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување за време на вонредна состојба, или кога ќе наполни 64 години, односно кога со писмена изјава до работодавачот побарал да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст согласно Законот за работните односи.

Согласно оваа Уредба, како што соопшти владината прес-служба, започнатите постапки за престанок на договор за вработување или договор за продолжување на вработувањето на здравствен работник, односно здравствениот соработник, поради возраст, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content