Локално

Мургоска-Станимировќ: Бројот на заболени од КОВИД 19 во Прилеп е очекуван

Татјана Станимировиќ, епидемиолог во Центарот за јавно здравје – Прилеп, вели дека порастот на заболени со коронавирус во општина Прилеп е очекуван и дека не станува збор за драматично зголемување на бројот на инфицирани.

–  Во моментов во Инфективното одделение во Прилеп се хоспитализирани 12. Од нив шест се потврдени, за три се чекаат резултати, а три се примени вчера. Двајца се во потешка состојба и се со кислородна поддршка. Се прифаќаат сите пациенти со сомневање за коронавирус, без разлика дали имале контакти со заболени. Има соба за изолација, а вклучено е и одделението за Физикална терапија. Имаме шест потврдени случаи на здравствени работници од кои четворица доктори, а за три случаи се чекаат резултати, изјави епидемиологот Мургоска-Станимировиќ.

„Треба да сфатиме дека епидемијата има свој тек. Ние само што ја поминавме првата фаза, сега се наоѓаме во втората фаза во која, како што кажа и министерот, сеуште очекуваме пораст на бројот на заболени. Се надеваме и сите работиме тој раст да не биде остар. Во Прилеп линијата на пораст не е
остра, ако имаме во предвид колку заболени имавме на самиот почеток на епидемијата. Не е тоа остро, оди очекувано“, потенцираше д-р Станимировиќ.

Според зборовите на докторката Станимировиќ, од целиот регион кој го покрива Центарот за јавно здравје – Прилеп, а тоа се општините Прилеп, Долнени, Крушево и Кривогаштани, досега се тестирани вкупно 280 лица. Од нив, 75 се позитивни, а за 74 лица се чекаат резултати. Меѓу инфицираните сенаоѓаат и шестмина здравствени работници.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content