СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Аџиоска: Вакцинирањето на децата од предшколска возраст не треба да се одлага

Директорката на Здравствениоит Дом Прилеп, Оливера Аџиоска апелира граѓаните да ги вакцинираат своите деца од предшколска возраст, затоашто тие вакцини не треба да се одлагаат. Вакцинирањето на децата од 6 до 18 години може да се одложи.

Значи во службата за предшколски вакцини, тековно, согласно одредбата на Министерството, ниту една вакцина која што е поврзана со ден, два или три задоцнување, не смее да биде изоставена и детенцето да не ја прими. Значи во согласност со службата и родителите, доколку детето е здраво, се договара кој ден да дојде и вакцината мора да биде примена.

Исклучок од ова се школските вакцини, значи за деца од 6 до 18 години, каде согласно принудниот распуст што сега е во тек, се е одложено, и систематските прегледи, и вакцините кои можат да трпат такви пролонгирања. Значи во службата за предшколски вакцини слободно ги информирам граѓаните, секојдневно можат да дојдат и своите дечиња да ги вакцинираат, затоа што тие се вакцини кои не трпат понатамошно одложувања“, потенцираше Аџиоска .

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content