СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Нови проблеми со социјалните мрежи: Пад на „ВатсАп“, на „Телеграм“ и на „ЈуТјуб“

Корисниците на „ВатсАп“ (WhatsApp) во многу земји пријавија проблеми со социјалната мрежа. Најголем дел се однесуваат на корисниците во Европа (Шпанија, Франција, Италија, Германија, Белгија, Велика Британија) и низа држави во Јужна Америка (Мексико, Бразил, Аргентина, Перу). Во Русија најчесто се жалат граѓаните на Москва.

Околу 96 проценти од корисниците на „ВатсАп“ изјавиле дека не можат да се поврзат со серверот, додека три отсто пријавиле пад на страната.

Пад е забележан и на најголемата платформа за видеосодржини „ЈуТјуб“. Дури 61 процент од корисниците пријавиле неможност за гледање на видеа, 34 отсто имале проблеми со вчитување на страницата, а четири проценти немале пристап.

 

Проблеми се пријавени и со „Телеграм“, при што 86 проценти пријавиле дека неможат да се поврзат со мрежата, а 13 отсто дека не можат да објават содржина.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content