СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Прилеп : Спроведена акција за дезинфицикација на градот

Во организација на Општина Прилеп, деновиве беше организирана масовна акција за дезинфекција на улиците во сите населби од градот. Се дезинфицираа и повеќе објекти на државни институции, влезови во згради, парковски и сите други јавни површини , информираа од прилепската локална самоуправа.

Акцијата се изведе во координација со  јавните комунални претпријатија од градот, ЈКП „Комуналец“, ЈКП „Водовод и канализација“, ЈП за ПУП и Територијалната противпожарна единица – Прилеп. Сепак, најголемиот придонес го дадоа граѓани од градот и населените места, кои со триесетина трактори опремени со прскалки ги дезинфицираа и тесните улици од целата територија на градот, онаму каде цистерните на јавните комунални претпријатија немаат пристап.

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски ја искажа својата благодарност до вработените во прилепските јавни претпријатија и жителите од градот и населените места, кои несебично ја поддржаа акцијата за дезинфикација на улиците во градот. Истовремено, градоначалникот им се заблагодари и на останатите граѓани на Прилеп кои одговорија на повикот на локалната самоуправа и ги отстранија своите возила од јавните површини, во насока на успешно извршување на акцијата.

Градоначалникот Јованоски нагласи дека Општинскиот штаб за управување со кризи и понатаму будно ќе ја следи состојбата со пандемијата на коронавирусот и ќе носи соодветни мерки за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните на општина Прилеп.

 

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content