СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Прилепска компанија “New Age” донираше антибактериски перници и постелнина во Прилеп и Скопје

Компанијата “NEW AGE” од Прилеп со еден позитивен пример како во оваа кризна ситуација треба  сите да ја  покажат  својата општествена одговорност. Имено , компанијата донираше антибактериски перници и постелнина за инфективните одделенија во Прилеп и Скопје. Од “New Age” велат:

“Почитувани, ова е време кога е потребна солидарност и поддршка.

Во борбата против вирусот “КОВИД-19” не можеме да се бориме како индивидуи, туку, заедно како општевство.

“New Age” како општествено одговорна компанија одлучи да донира антибактериски перници и постелнини во инфективните одделенија во:

🏥Општа Болница Борка Талески – Прилеп
🏥Клинички Центар – Скопје

Нашата цел е да помогнеме вистинските херои во моментов (медицинските лица) да имаат подобар и поквалитетен одмор, а пациентите побрзо и посигурно закрепнување.

Вистинско време е за вистинскиот “ПРЕДИЗВИК”!

Се надеваме дека ќе успееме да мотивираме и останати компании да се приклучат на оваа иницијатива.
Малите со мала, големите со голема помош, за на крај сите како победници излеземе од оваа ситуација.

Дотогаш #седетедома, поминувајте прекрасни моменти со вашето семејство и верувајте ќе дојде многу подобро време за брзо”, напишаа на својата Фејсбук фан страна од “NEW AGE”.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content