Локално

Во Прилеп нови кривични за непочитување на полицискиот час, расте бројот на лица во самоизолација

Четворица прилепчани заработија кривични пријави за непочитување на полицискиот час.Освен двајцата сопружници, позитивни на Ковид 19 , кои вчера беа префрлени на Инфективната клиника во Скопје, засега нема официјални податоци за новозаболени во градов. Денеска се чекаат резултатите за брисеевите од нашите сограѓани кои вчера беа земени.  Во меѓувреме ,расте и бројот на прилепчани кои се  во самоизолација , заклучно со вчера тој изнесува 183. На едно лице поднесена му е и  кривична пријава затоа што  излегувал надвор од својот дом.

Од Општина Прилеп информираат дека денеска продолжува дезинфекцијата на главите и споредните улици во градот, а планирано е да се започне и со дезинфекција на сите влезови на зградите во Прилеп.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content