Економија

Сугарески: Ако е неопходно ќе се забрани транспортот на луѓе меѓу градови и села , транспорт на стока само со дозволи,

Доколку е потребно ќе се забрани транспортот на луѓе меѓу градови и села, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Владата има донесено мерка за намалување на 50 отсто на бројот на патници во меѓуградскиот превоз и патницитие да бидат најмалку два метра одалечени еден од друг. Согласно препораките на Кризниот штаб, Министерството за здравство и Владата доколку се смета дека е неопходно да се забрани транспортот на луѓе меѓу градови и села и таа мерка дополнително ќе биде донесена, рече Сугарески во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека во моментов согласно препораките во сила е само препораката за сериозно намалување на бројот на патниците во меѓуградскиот превоз.

Извозот и увозот на стоки во земјава од утре ќе се одвива само со посебни дозволи, информираше министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој на денешната прес-конференција презентираше нови правила за транспортерите, со цел, како што рече, да се ублажи шокот од коронавирусот и да се нормализира транспортот на стока.

Со нив се задолжуваат компаниите, за влез и излез од државата, да обезбедат посебна дозвола за професионалните возачи на товарни возила, кои се придржувале кон посебниот здравствен и протоколарен режим донесен од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

„Бидејќи овие неколку дена имаше многу барања за дозволи, надлежните институции во неможност сите да ги изготват навремено, се усогласивме излез од државата да се прави само врз основа на базата на податоци што ја поседува Министерството за транспорт и врски и валиден сертификат. Но, потенцирам дека ваквата процедура ќе важи до утре. Од утре секој транспортер што ќе врши транспорт надвор од границите на државата ќе мора да ја извади оваа дозвола од Државниот санитарен и здравствен инспекторат“, најави Сугарески

За да нема застој, министерот апелираше компаниите да ги вадат дозволите преку Асоцијацијата на транспортери.

Сугарески посочи дека заглавените превозници по граничните премини се вратени во земјава, но добиваат дојави за нови заглавени граѓани за кои уверува дека се бара решение.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content