СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Изгласан петиот пакет мерки, гласаа и двајца пратеници позитивни на Ковид-19

Собранието го изгласа петтиот пакет економски мерки за помош на стопанствениците и економијата погодени од пандемијата.

Изгласани се Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, за месеците февруари и март 2021 година, Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Законот за изменување на Законот за данокот на личен доход, по скратена постапка.

За законите гласаа сите присутни пратеници во Собранието вклучително и двајца позитивни на Ковид – 19 кои беа изолирани во посебни простории,а се појавија во Собранието со скафандери и целосна заштитна опрема. Присутни беа 115 пратеници.

 

Опозицијата го обвини претседателот на Собранието,Талат Џафери, дека не ги почитува мерките за заштита од коронавирусот, ги крши Уставот и законите поради тоа што дозволил во Собранието да дојдат двајца позитивни пратеници кои имаат решенија за изолација. Претседателот Џафери пак, рече дека работи според протоколи дадени од Комисијата за заразни болести и уверуваше дека двајцата пратеници, без да контактираат со било кој, биле сместени во изолирани простории.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content