ЛокалноНекатегоризирано

Прилепската конфекција ”Кули,, донираше заштитни маски за полицијата

Македонскиот полициски синдикат (МПС)  ја доби првата количина од 400 нови заштитни маски , донација од прилепската конфекција „Кули“ и истите веднаш се поделени на припадниците на МВР во Дебар.Наредниве компанијата бесплатно ќе  изработи 15.000 маски кои МПС потоа ќе ги достави каде што МВР ќе има потреба. Полицискиот синдикатобвинува дека припадниците на полицијата во овој момент на пандемија на корона вирусот работат  без соодветна заштита.

„На терен ситуацијата е алармантна, колегите немаат ниту миинимум средства за заштита, потрадии тоа ние се вклучивме како Синдикат во рамките на нашите можности да им помогнеме на колегите на терен . Некаде досега МВР има поделена само околу 4 до 5.000 маски. Останатите кој како ќе се снајде, нешто ние како Синдикат дониравме пред неколку дена, дел од колегите сами си купуваат. На една полициска станица се доделува по едно литро алкохол, што е ништо, а во некои полициски станици воопшто нема ниту однесено“, потенцираше Марјан Кицев, претседател на Македонскиот полициски синдикат.

Платното за изработка на маските  го донираше конфекцијата „ЕАМ“ од Штип. Тие може да се перат и се за повеќекратна употреба.

„Засега изработувавме маски за лекарите преку Кризниот штаб во Прилеп, а за Македонскиот полициски синдикат еве сега изработуваме дополнителни уште околу 15.000 маски. За лекарите се надеваме дека таа бројка ќе биде многу повисока. Како што се изработуваат маските секој ден се доставуваат за потребите на институциите“, информиаше Александар Мариновски, сопственик на конфекција „Кули“

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content