Здравје

59 лица кои влегле во Македонија, се однесени директно во хотелот “Ибис”во Скопје

59 -те лица кои во Македонија влегле преку граничниот премин Деве Баир и од Косово вчера во доцните часови се примени  во изолација односно во карантин во скопскиот хотел Ибис .

Во хотелот, како што информираат од „Аџибадем Систина”, се и шест полицајци кои ја обезбедуваат локацијата и 16 вработени кои работат во смени. За вработените е обезбедена заштитна опрема од Клиничката болница „Аџибадем Систина”.

-Собите во хотелот се целосно опремени според барањата и потребите за згрижување граѓани кои треба да се во изолација. Клиничката болница „Аџибадем Систина” обезбедува и медицински персонал, поддршка и опрема. За лицата ќе биде обезбедена и храна. Освен редовна контрола на пациентите, за итни случаи докторите на „Аџибадем Систина” ќе стојат целосно на располагање и ќе доаѓаат на повик, велат од „Аџибадем Систина”.

Лицата со симптоми на Ковид 19,  со асистенција на Министерството за здравство, ќе бидат пренесувани во Инфективната клиника.

Целта на оваа ригорозна мерка, воспоставена прв пат во историјата на земјава со одлука на владата, е максимална заштита на граѓаните од коноронавирусот , информираат надлежните служби.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content