Локално

Општинскиот штаб за управување со кризи од Прилеп – со нови мерки за справување со коронавирусот

На состанокот  на Општинскиот кризен штаб,одржан во саботата, свикан на барање на
градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, се расправаше за
новонастанатата ситуација после Одлуката на Владата на Република Северна
Македонија, од  недела 22 март 2020 година, во времето од 21.00 до 06.00
часот, да воведе полициски час.

После одржаниот состанок, Општинскиот кризен штаб ги донесе следните мерки:

1. Се забранува собирање на повеќе од 5 лица, особено на младите, во
парковите во градот, излетничките места и викендиците во околината на
градот
2. Се заострува контролата при влезот на возила од сите четири правци, при
што секое возило кое влегува во градот ќе биде дезинфицирано
3. Се укинува Јавниот градски превоз
4. Ќе се врши континуирана дезинфекција на улиците во градот и населените
места.

Истовремено, градоначалникот Јованоски упати апел до граѓаните, доколку
забележат случаи на непочитување на мерките донесени од страна на Владата и
Општинскиот кризен штаб, да ги пријават во МВР на број 192.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content