Локално

Општина Прилеп се вклучува во електронската едукација на учениците од сите воспитно-образовни институции

Следејќи ги препораките на Министерството за образование и наука, Општина Прилеп се вклучува во електронската едукација на учениците во сите воспитно-образовни институции, со листи за бесплатно користење на дигитални платформи, апликации и содржини кои што можат да бидат корисни за едукација на учениците.

 

Во секое училиште може да се креира платформа на Google Drive преку која ќе се прикачуваат материјали кои, согласно наставната програма, би се учеле во овој период од годината.

Сето ова има за цел образовната надградба да не застане, а во актуелните вонредни окололности, учениците да продолжат да се едуцираат во домашни услови. Бидејќи образованието е процес, не чин.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content