Здравје

Директорката на Клиниката за кожни болести е заразена од корона вирус

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека директорката на Клиниката за кожни болести е заразена од корона вирусот.

Пациентката е жена лекар, која допатувала од Италија, директорка на Клиниката за кожни болести, изминатите 5 работни дена одела редовно на работа. Нејзината состојба е иста како и на двајцата сопружници, стабилна, додека состојбата на првозаболената е целосно стабилизирана. Во текот на денот ќе се одлучи дали ќе биде пуштена од болница.

Целата екипа на Институтот од јавно здравје прави проверка на сите кои соработувале со неа, вработени и пациенти. Можно е одделот целосно да биде затворен. Пациентите коиѓто се хоспитализирани исто така.

Секојдневните апели за самоизолација мора да се сфатат многу сериозно. Не може да се затворат границите, тоа е невозможно. Потенцирам, секој којшто доаѓа од ризичен регион, доколку на граница нема симптоми, мора да остане во автоизолација 14 дена. На тој начин го штити своето здравје и здравјето на населението. Мора да имаме одговорност кон колективното здравје, кажа Филипче.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content