СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Започна четвртиот фестивал за деца „Силјан Штркот“

Со изведбата на претставата за деца „Тоби “ на Театарот за деца и младинци
Скопје, денеска во Прилеп, започна четвртиот фестивал за деца „Силјан Штркот“. Утре
напладне, /четврток/ најмладите ќе можат да уживаат во претставата „Рибарот и рипката“ од Театарот Колозов. Петокот е резервиран за претставата „Јованче и Марика“ на Театар Бабец од Битола, што ќе биде прикажана од 12 часот во театарот „Војдан Чернодрински“.

Затворањето на годинашното издание на фестивал е в сабота од 12.00 часот во ЦК
„Марко Цепенков“ со „ДАЈТЕ МУЗИКА“.

Во рамките на фестивалот „Силјан Штркот“ в сабота од 11 часот ќе има и промоција на драмска детска литература, поддржана од РЕАД- Регионалната мрежа за културна разновидност, односно ќе се претстават драмските текстови „Буна и Тули“ на косовскиот автор Ариан Красниќи и „Небо без рамка“ на турската писателка Сема Али
Ерол.
Фото: Ка.М.

-Театарска уметност е одлика на јавната свест, националната култура и огледало на
животот на народот. Момент кој се случува сега и овде и кој те тера да реагираш. Театарот е креативна продукција. За да можеме во целост да го преведеме зборот театар, ќе треба да кажеме дека тој е спектакл. Тетарот е посебно место. Тука се фрлате во светот на детството, безгрижноста и радоста. За да може да има театар, мора да има публика – велат од Мал театар, организаторите на театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content