СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Прилеп на Прочка ги одржува традицијата и адетите

Во Прилеп официјално не се одржува меѓународниот карневал „Прочка 2020", ама прилепчани продолжуваат да ја негуваат традицијата со адетите за Прочка и со маскирањето како и со посетата на роднините и на пријателите на Велики поклади.

„Прилепските мечкари”, кои се заштитна маска на карневалот, од изутрината ги одржуваат адетите. Прво, како што велат е посетаат на најпознатиот мајстор, касап кој чува преку 60 кожи, прапорци, сурати и над 100 чифта рогови и ги покажува токму на Прочка. Кај мајсторот Диме Зарски – Заре, прилепскиет мечкари се облекуваат, со децении позајмуваат од кожите, маските.

Горд на традицијата, 78-годишниот мајстор Заре денеска ни објасни дека живее за традицијата која сака да им ја пренесе на новите генерации.

– Сега сум пензионер, ама касап бев од 1959 година. Токму од почетокот почнав да ги собирам, да ги чувам, во посебни услови бројните кожи од брав, бивол, од овци, кози, од прч. Чувам преку 60 кожи и над 100 чифта рогови. Со години доаѓаат кај мене, бараат од кожите, суратите. Живеам за традицијата, многу сакам да се одржува, да се негува. Така е и денеска за Прочка. Ми дојдоа многу гости, вели мајсторот, касапот Заре и нагласува:

– Тешко се наоѓаат вакви кожи. Ретко кој чува. Ама оваа традиција на касапите, на преправањето, на мечкарите, вреди да се зачува. Така и ќе биде, смета Диме Зарески – Заре, мајсторот и касап од Прилеп кој единствен им чува кожи, маски, сурати на „Прилепскиете мечкари”.

Прилепчанката Мирјана Зарска која цел ден чека гости, па и внучињата да и дојдат „преправени” ги објаснува адетите.

– Уште моите баби, дедовци ми раскажувале дека традицијата се негува од памтивека. Во Прилеп на Прочка ни доаѓаат гости. И млади и стари се маскираат, мора да им речеме дека не ги препознаваме, зашто се многу добро маскирани. Ги почестуваме. Помладите одат кај постарите за да побараат прошка, а вечер е „амкањето” јајце. Оној кој ќе го загризе, ќе има среќа цела година, објаснува Мирјана Зареска.

Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари” објаснува дека „мечкарите” не сакаат да се прекинува традицијата.

– Како здружение ги известивме надлежните со официјално соопштение дека помали групи „Мечкари” денеска ја одржуваат традицијата во посета на домовите со маските и „суратите, облечени во кожите”. Тоа е традиција. Според некои документи „Мечкарите” се маскираат од 30-ите години на минатиот век, но непишаните сознанија говорат дека е вековно. Симболиката на бркањето на злите духови не се променила, вели Георгиев.

Низ Прилеп денеска дефилираа маскирани млади и стари. Од здружението „Прочкари” ја претставија нивната маска во центарот на градот.

-Јас сум Крали Марко од новото време. Со мене се невестата и младоженецот и ќе правиме свадба. Ги штитам од модерните вируси, вели Горан Ржаникоски од здружението „Прочкари”.

Во Прилеп нема карневал но има маскирани и одржување на вековна традиција. /МИА

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content