СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Прв отворен повик за апликации од проектот „Регионална мрежа за културна разновидност”

„Регионалната мрежа за културна разновидност” (Regional Network for Cultural Diversity – READ) отвори прв повик за апликации. Се работи за регионален проект финансиран од ЕУ чија цел е да им овозможи на граѓанските активисти да ги зајакнат демократските вредности и да придонесат кон интеркултурна толеранција со посебен фокус на младите.

Проектот почна на 1 септември 2020 и ќе трае до 31 август 2024 година, а се имплементира од Гете-институт Скопје со партнерските организации: Асоцијација Крокодил (Србија), Центар за балканска соработка – Лоја (Северна Македонија), Институт за книги и промоција (Албанија), Калем културна асоцијација (Турција) и Центар за мултимедија (Косово).

За трите планирани циклуси на субгрантови во времетраење од три години се предвидени 150.000 евра. За првиот отворен повик се планирани 51.000 евра.

 

Заедно со шесте граѓански организации, кои се дел од конзорциумот на проектот, целта на проектот е да се зајакнат капацитетите на 90 културни иницијативи преку субгрантови, поддршка преку обуки или вмрежување во следните четири години. Граѓанските организации се многу важни за успехот на овој проект, бидејќи тие имаат значително влијание врз културата и промените во општеството. Овој отворен повик за предлог проекти се објавува за организации од петте партнерски земји кои можат да аплицираат за финансиска поддршка разновидни културни и уметнички иницијативи со цел да се зголеми пристапот и свеста за литературата и културата во регионот. При првиот повик за аплицирање ќе се поддржат 30 граѓански организации од Албанија, Косово, Северна Македонија, Србија и Турција, соопшти Гете-институт Скопје.

Повикот е поделен на два дела: Отворениот повик за поддршка на интеркултурни проекти има цел промовирање на меѓукултурна соработка во регионот. Целта е широко распространета поддршка на голем број грас рут културни иницијативи низ земјите и промовирање на нивното вмрежување и соработка. Поддршката треба да ги покрие трошоците поврзани со литературните уметности и уметници, разни други културни и уметнички иницијативи, вклучително и музика, театар, аудио и видео продукција, мултимедија и други активности за промовирање на меѓукултурна соработка во регионот. Соработката помеѓу најмалку две земји кои учествуваат на проектот ќе се смета како предност. Максималниот износ за поддршка на интеркултурни проекти е 3.000 евра по грант. Особено се охрабруваат проекти од младински организации.

Отворениот повик за поддршка на повеќејазични проекти има цел да ја поддржи регионалната дифузија на литературни дела од целните земји. Очекуваниот резултат од предложените проекти е превод, во комбинација со презентација и промоција на регионална литература. Поддршката од овој повик ќе го надополни и значително ќе го зголеми меѓурегионалниот превод на автори од Западен Балкан и Турција. Максималниот износ за поддршка на повеќејазични проекти изнесува 2.000 евра по грант. Акцијата треба да ги покрие трошоците поврзани со превод, дизајн и печатење и промоција на регионална литература. Поддржаните проекти ќе бидат охрабрени да создадат синергија со нашата мобилна библиотека, како и со различните фестивали, па дури и со резиденциите.

Апликантите треба да бидат: непрофитни; граѓански организации; директно одговорни за подготовката и менаџментот на проектот заедно со ко-апликантот/ ко- апликантите); да се регистрирани во Албанија, Косово, Северна Македонија, Србија и Турција најмалку шест месеци пред датумот на објавување на овој повик; да се активни во една или повеќе од тематските подрачја кои се од важост за овој Повик за предлог проекти. Предвид ќе биде земена само една апликација од секој апликант.

Повеќе информации за Отворениот повик за апликации се достапни на линкот: https://www.goethe.de/ins/mk/de/kul/sup/rea.html

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content