Здравје

Медицинскиот факултет во Штип меѓу најпривлечните за студирање, но и за извоз на лекари во Европа

Факултетот за медицински науки при УГД е најпривлечен за студирање, но и најголем расадник на работна сила во западно европските земји. Причината за тоа е, велат младите медицинари, што во Македонија нема доволно добри услови за работа и професионален развој, а за работите да тргнат од мртва точка потребни се коренити промени.

-Почнувајќи од образовниот процес, начинот на кој функционира општеството, како се перцепираат лекарите. Секогаш причината за заминување во странство не се парите, туку надоградување на својата кариера- изјави Филип Николов, УГД, студент на медицина – 4-та година.

Никој не сака да бега од родното огниште, од местото каде растел и се образувал, но едноставно ниту лекарите, ниту студентите, не гледаат никаква перспектива.

-Еден лекар пред да отиде на специјализација во Македонија мора да помине „милион“ протоколи, да се надогради како општ лекар и во пракса и со присуство во болница, да се снајде со луѓе и сите тие работи, а дури подоцна државата на „совршените“ студенти, јас би рекла, им нуди специјализација- изјави Дијана Илиовска, УГД, студент на медицина – 4-та година.

За да се задржат студентите во земјава потребна е и некоја мотивација, за што веќе има и некои предлози.

-Студентите во 6-та година да имаат платена пракса. Ако не full time job, барем part time job, неколку часа дневно, за да уште во фаза на студирање почувствуваа дека нешто корисно прават, нешто позитивно и за истото тоа добиваат позитивен фит бек-изјави Стефан Коцев, УГД- студент на медицина -6-та година.

Додека не се почувствуваат промените и првите бенефити, се повеќе македонски идни лекари во слободно време ќе учат странски јазици.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content