Економија

Комората за сметководители бара да се забрани употребата на Бисфенол А

Алармираат дека хартијата која се употребува за сметките содржи хемиска материја Бисфенол А или БПА која предизвикува срцеви заболувања, дијабетес, неплодност, рак на простата, хормонски и ендокринолошки заболувања, а претставвуа и голем ризик за здравјето на децата.

Истата материја освен на фискалните утврдена е и кај броевите кои ги земаат граѓаните за ред на шалтери во институциите, како и на фискалните ролни во големопродажба.

„Бисфенолот А е една од најкомерцијално достапните хемикалии што се користат во производството на термичка хартија како развивач на бои. Согласно истражувањата, концентрацијата на бисфенол А во фискалните сметки е до 40 пати поголема од дозволената и се движела од 0,62 до 0,91 отсто, а според стандардите дозволено е само 0,02 отсто“, велат од Комората на сметководители при ССК.

Засега во ЕУ забраната подразбира само нејзино исклучување од термичка хартија, односно дека не смее да биде повеќе од 0,02 проценти.“

Швајцарија е првата земја во светот која ја воведе оваа забрана. Во сите земји од ЕУ се применува од почетокот на оваа година, а Србија е прва од соседствто која ќе ја почитува забраната, кај нив ќе стартува од  јули.

Сметководителите очекуваат земјава да ги следи ЕУ стандардите.

Од министерството за финансии велат дека заедно со УЈП прават анализи и се разгледуваат условите.

Европските здравствени организации препорачуваат   да не им се дозволува на децата да ги допираат фискалните,  да не се ставаат во кесите со храна, задолжително да се мијат рацете по контакт со фискална сметка, а оние кои работат со нив да носат ракавици.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content