Земјоделие

Tутунарите да ги очекуваат субвенциите на крајот на март и почетокот на април

Откупот на тутунот годинава оди побргу заради поволните временски услови.

Дел од помалите откупни компании ги откупија планираните количини на тутун а останатите најавуваат дека откупот можно е да заврши и пред законскиот рок 15 февруари но дека се подготвени да го преземат секој тутун што ќе се донесе на пунктовите. Досега откупени се околу 20 милиони килограми со вредност од 73 милиони евра со 95% исплата на откупеното. Постигната е просечна цена од 222,5 денари што е повисока од ланските 217 денари. Земјоделскиот инспекторат е постојано на терен и досега немале некои поголеми забелешки од тутунарите .

Откако ќе завршат со откуп монополите треба да ги достават списоците и да ги потврдат по што платежната прави контрола на терен па потоа следи исплатата на субвенциите

Во земјава од тутун живеат 32 илјади семејства што ја прави оваа култура најзначајната  по обем и по девизните приливи кој го носи.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content