Локално

Во прилепската касарна „Мирче Ацев” одбележан патрониот празник

Со полагање на цвеќиња на спомен обележјето на народниот херој Мирче Ацев, со историски час кој го одржа Илија Велкоски, во присуство на заменик командантот на Првата пешадиска бригада полковник Васко Кокалански, на претставници од Сојузот на борци, од општина Прилеп, денеска во касарната „Мирче Ацев” во Прилеп, беше одбележан патрониот празник.

Обраќајќи се пред присутните потполковник Ѓорѓи Василевски, командант на касарната, посочи дека делото на македонскиот херој Мирче Ацев е од големо значење за војниците и нивната посветеност во обавувањето на својата должност кон татковината .

– Неговата верба и убедување дека само со добро организирани единици и здружени формации ќе успее да се спротивстави на агресорот и денес ја споделуваме ние старешините и војниците. Годинава токму една таква здружена формација како 30 земја членка влегуваме во НАТО, впрочем ја делиме истата идеја на Мирче, дека добро организирани и здружени ќе можеме да се пркосиме на секаков облик на закана. Заеднички, споделувајќи различни искуства со други, во иднина не прави да сме посигурни и безбедни – рече потполковник Василевски.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content