Политика

Граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина посака Пендаровски за 2020 година

Претседателот Стево Пендаровски во денешната новогодишната видео порака посака граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина во новата 2020 година.

Во нашиот заеднички дом посакувам, пред сè, да владее мир и спокој до кој ќе дојдеме преку граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина. Посакувам благосостојба, втемелена врз евроатлантска безбедност и вредности. Почитувани граѓани на сите Ви посакувам добро здравје и меѓусебна почит. Затоа, да ги напуштиме поделбите, да се почитуваме и помагаме. А ние политичарите, ако сакаме младите да живеат тука, тогаш, уште од сега, мора да работиме со двојно поголем ангажман, за демократска држава и за слободно, хумано и солидарно општество.

Нека ни е среќна и бериќетна новата 2020 година, истакна во честитката претседателот Пендаровски по повод новогодишните празници.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content