СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

„Скомрахи 2023“ од 1 до 5 ноември

Факултетот за драмски уметности (ФДУ) ги најавува новите Скомрахи 2023, меѓународни средби на студенти од драмските академии. Од 1-ви до 5-ти ноември 2023 година, на сцените на факултетот ќе бидат прикажани 8 театарски претстави и 25 филмови на студенти од Романија, Србија, Полска, Хрватска, Косово, Албанија, Шпанија, Белгија, БиХ, Турција, Црна Гора, Чешка. Иран и Германија. Секако, пред скопската публика ќе се претстават и домаќините – студентите на ФДУ. Богатата програма вклучува и изложби, работилници, дискусии и предавања, заедно со препознатливиот СкомрахОФФ, музичка програма и забави во бифето на ФДУ.

Како и во изминатите 31 година, средбите во целост се простор за креативноста, енергијата и пасијата на студентите – новите Скомраси. Како и во минатото, така и денес тие продолжуваат да размислуваат и создаваат со поглед и кон иднината, со сите нејзини предизвици. А на овогодишното издание акцентот го ставаат и на своите “улоги” во уметноста во новото време, што се одликува со се поголема “улога” на вештачката интелигенција.

Отворањето на Скомрахи 2023 е закажано за 1-ви ноември, во Драмскиот театар – Скопје, со краткиот филм „Тага“, во режија на Тина Величковиќ и дипломската театарска претстава „Вилицата на Ибен Бајерс“, во режија на Борис Василески, и двете целосно создадени од студентите на ФДУ. Целата останата програма на средбите е објавена на социјалните мрежи и веб-страната на ФДУ, а публиката е добредојдена со бесплатен влез за сите настани. Средбите се поддржани од ФДУ/УКИМ и Министерството за култура на Македонија.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content