Технологија

Нова опција на пребарувачот Гугл Хром за небезбедните лозинки

Во наредните неколку недели, овој популарен пребарувач ќе воведе опција која веднаш ќе ве предупреди доколку вашата лозинка е загрозена, по што дополнително ќе побара да ја промените на сите оние места на кои инаку ја користите. Предупредувањето ќе го добиете во облик на нотификациско прозорче.

Доколку сте еден од оние кои користат едноставни лозинки како ,,12345″ кои лесно се пробиваат , сега ќе бидете позаштитени пред се поради новата опција на пребарувачот Хром на Гугл, кој ќе ја заштити приватноста на вашите податоци.

Се работи за опција која открива дали некој се обидел да влезе на некој ваш личен профил или мејл адреса. Гугл најави дека од сега Хром полесно ќе препознава дали вашата пристапна лозинка е украдена и дали вашето корисничко име е загрозено на некоја веб локација или апликација.

Во наредните неколку недели, овој популарен пребарувач ќе воведе опција која веднаш ќе ве предупреди доколку вашата лозинка е загрозена, по што дополнително ќе побара да ја промените на сите оние места на кои инаку ја користите. Предупредувањето ќе го добиете во облик на нотификациско прозорче.

Иако слични технологии беа достапни и во минатото , сепак новата опција на Хром ве принудува веднаш да го решите проблемот со ставање на нова едноставна лозинка.

Во новите понудени опции Хром ја додаде и опцијата за заштита од крадење на идентитетот, така да веднаш по регистрирањето на обидите за крадење на идентитетот, ќе ви се појави нотификациско прозорче кое ќе ве информира како да го премостите проблемот со поставување на нова лозонка за заштита на вашите податоци.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content