Промовирани првите изданија од едицијата сликовници „Светулка“

Издавачката куќа „Арт&Арт студио Батев“ денеска ги промовираше првите четири изданија од едицијата сликовници за деца „Светулка“.
Едицијата е составена од 15 нови поучни приказни напишани од неколку македонски автори, а првите изданија се илустрирани од илустраторката Иванка НиБа. Изданијата ќе бидат преведени на албански јазик, но и на знаковен јазик, и ќе бидат наменети за деца со оштетен слух.
Авторките на овие четири изданија ‒ Ана Батева, која воедно е и реномиран тетарски режисер и Неше Рамовиќ, чии дела од книжевноста наменета за најмладите читатели првпат ќе бидат издадени ‒праќаат силна порака за децата која е со поучен карактер од аспект на морални и мултикултурни вредности во општеството.
Децата преку овие приказни ќе дознаат многу за тоа што значи да се чува природата, ќе ги согледаат големината на пријателството, значењето на различностите и силата и моќта на играта/работата во тим.
Изданијата на албански јазик ќе бидат промовирани во Гостивар, на Саемот за книга организирана од Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар.
Сликовниците ќе бидат во продажба од 16 декември, а за наредните месеци најавуваме промоција на останатите сликовници од едицијата и уште неколку мали изненадувања.