СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

ЛАГ АГРО ЛИДЕР: Студиска посета во Република Австрија во рамките на проектот “eHelp

Во периодот од 9-ти до 13-ти Мај 2022 година во организација на Мрежата на ЛАГОВИ и австриските организации Verein LAG Regionalmanagement regio3, Dachverein zur Regionalentwicklung Fuschlseeregion – Mondseeland (FUMO) и Regionalentwicklungsagentur Zeitkultur Oststeirisches Kernland се реализираше студиска посета на Република Австрија.

Претставници на нашата држава во состав: Марина Тошеска – проектен координатор и претставник на ЛАГ АГРО ЛИДЕР, Ресми Ејупи – Државен Секретар на МТСП, Душан Томшиќ – претставник на МТСП, Николче Мискоски – градоначалник на општина Кривогаштани, Киро Нацков – градоначалник на општина Градско,  Ајша М.Топалоска – претставник на општина Долнени, Зоран Јаневски – претставник на општина Велес, Гордана Младеновска – Директор на Агенција за вработување- Прилеп, Дејан Тошески – Директор на ЈУ Меѓуопштински Центар за социјални работи – Прилеп, Душица Габерова – претставник на Центар за развој на Вардарски плански регион и Ирена Жарова – претставник на ЛАГ ВАРДАР ЛЕАДЕР имаа можност да се запознаат со програмите за обезбедување на социјални услуги во Република Австрија.

Во градот Хартберг беше остварена средба со градоначалникот на Хартберг – г-н Карл Пак, и градоначалникот на Штајмарк – г-н Гералд Мајер и беа реализирани посети на Домот за стари лица, Црвен Крст – Хартберг, детска градинка и Младинскиот центар кој обезбедува психо-социјална поддршка за млади лица.

Претставниците од нашата држава имаа состанок со претставници на Австриското Социјално Министерство – г-н Харалд Фугер,  г-н Роберт Хаслахер, г-н Харалд Пакси и г-ѓа Сабине Шранк на која беа презентирани дел од политиките на Република Австрија во областа на социјални услуги како и програмите на Република Австрија за развој на социјални услуги за помош и нега.

Добри практики во областа на инклузија и вработување на лица со попреченост беа споделени од страна на г-н Кристоф Шрајнер – претставник на Wien Work – едно од  најголемите социјални претпријатија во Австрија што е препознатливо не само во Австрија, туку и во Европа и пошироко по својата професионалност, успешна работа и иновативни пристапи во обезбедување на поддршка до вработување, со посебен фокус на лицата со попреченост.

Во Виена воедно се остварија средби со претставници на социјалниот бизнис– хотел Магдас, претставници на reStart – програма на Caritas и Социјалниот простор за уметност во заедницата.

Студиската посета заврши со средба со Амбасадорот на нашата држава во Република Австрија – г-н Освит Росоклија и претставници на Амбасадата во Виена на која беа презентирани дел од проектите и иницијативите кои се реализираат во нашата држава со поддршка на Република Австрија.

Студиската посета се реализираше во рамките на проектот “eHelp:Подобрување на пристапот до социјални услуги преку дигитализација и вмрежување” финансиран од Австриското Федерално Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи, со цел презентација на добри практики од Република Австрија и обезбедување на поддршка за креирање на програми за воведување на социјални услуги во нашата држава.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content