Спорт

Државно Екипно Првенство за Сениори-ки

На 15.12.2019 во Кочани во организација на ЏФРСМ и техничка организација на ЏК Гладијатор Кочани се одржа Државно Екипно Првенство за Сениори-ки (мешани тимови).

На ова првенство учество зедоа вкупно 4 клуба (Сеишин-Прилеп, Ипон-Скопје, Кожувчанка Кавадарци и Гладијатор -Кочани). Согласно системот за натпреварување екипите беа поделени во две групи со тоа што во првото полуфинале настапија Ипон Скопје и Кожувчанка Кавадарци каде победник беше Ипон Скопје.

Во второто полуфинале се сретнаа Сеишин и Гладијатор каде победник беше Сеишин Прилеп.

Во борбата за трето место победи Кожувчанка против Гладијатор и со тоа избори трето место.

Во финалната борба помеѓу Ипон и Сеишин, победи Ипон Скопје и се здоби со 1 Место Екипно а додека Сеишин Прилеп беше на 2 та позиција.

Џудо клубот Сеишин Прилеп со оглед на тоа што настапи со млада екипа е задоволен од освоените резултати.

Екипата ја предводеа Двоецот Тренери Дејан Мицкоски и Мики Чадамов.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content