Економија

До крајот на месецот исплата на К-15 за работниците од приватниот сектор

Најмалку 10. 170, најмногу 14.920 денари треба да легнат на сметките на вработените во приватниот сектор за регрес за годишен одмор. К 15, согласно Законот се пресметува минумум 40% од просечната нето плата во последните 3 месеци или максимум 40% од исплатената бруто платата .

Секој вработен, подолго од 6 месеци кај истиот работодавач, има право на регрес. Ако газдата не му исплати  или побара да му се вратат парите назад- – ќе биде казнет со 4,000 евра, но и со казна затвор до 1 година. Премиерот Заев неодама повика работниците да не се плашат, да си ги бараат своите права и да ги пријават работодавачите кои ќе го сторат тоа

Согласно општиот колективен договор од 2013 та година е утврдено правото за регрес за годишен одмор за работниците во првиотниост сектор. Синдикатот бара сега да бидат вклучени и вработените во јавниот сектор. Но се уште не е постигнат договор и административницие  да земаат К15.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content