Економија

Почна исплатата на минимална плата од 14.500 денари

Од денеска стартува покачената минимална плата.  На сметките на околу 90 илјади граѓани кои добиваат минималец ,  треба да легнат 14. 500 денари.  Од УЈП очекуваат дека ќе има анонимни пријави од работници за злоупотреби. Иако од трудовиот инспекторат посочија дека засега немаат механизам кој ќе докаже дека од работникот се барало да бидат вратени пари, од упрвата соопштија дека тие пријави ќе бидат  доставени до инспекторатот и очекуваат тој да ја заврши својата работа.

Фирмите кои имаат потешкотии да го исплатат повисок минималец можа да ја користат мерката субвенции на придонесите која стартуваше минатата недела. Важи за сите кои ќе донесат одлука да ги зголемат платите од 600 до 6.000 денари. Од УЈП очекуваат  наскоро да имаат и конкретни бројки за тоа колку фирми пројавиле интерес.

Пред повеќе од  еден месец владата донесе одлука да ја зголеми  минималната плата за 2000 денари.  Посочија дека  тоа ќе помогне да пораснат и дргуите примања. На одлуката реагираа дел од бизнсимените,   но и ММФ кој во својот најнов извештај посочи дека повисокиот минималец нема да ја намали сиромаштијата, а може да ја зголеми сивата економија.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content