Култура

Впечатливи „Фрагменти“ на скулпторот Башески во Прилеп

Впечатливата изложба „Фрагменти“ на македонскиот скулптор Жарко Башески синоќа беше отворена во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Публиката беше љубопитна да ги види скулптурите на Башески, изработени од полиестер, силикон, текстил.

Според Викторија Димеска, историчар на уметност, која ја отвори изложбата, делата се создавани во различни периоди, а Башески конструира минијатури, скулптури со човечки размери и хипер-реалистични фигури.

– Користејќи  се со материјали како стаклена волна, силикон, полистер, акрилик, природни влакна и текстил, Башески конструира минијатури, скулптури со човечки размер и хипер реалистични фигури. Преку веродостојната и експресивна моќност на реалистичната претстава, односно нераскинливата врска меѓу физичкиот стимул и психичката состојба на фигурата, авторот ја ослободува скулптурата од нејзиниот традиционален концепт и нуди интепретација и релација меѓу делото и определениот простор,  рече Димеска.

Управувајќи со фигурата, како во куклена претстава, Димеска вели дека Башески ја режира и ја поставува сцената, вовлекувајќи го посетителот во прецизна, директна и активна интеракција со реанимираната фигура, при што, секој поединечно, фигурата и посетителот, ја изведува и артикулира сопствената улога,

Изложбата „Фрагменти“ на Жарко Башески ќе биде отворена 20-ина дена.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content