Здравје

Акција за јакнење на свесноста за женското кардиоваскуларно здравје

Од 15 прегледани жени кај пет биле откриени зголеми масти во крвта и висок притисок, а една била задржана на клиниката за кардиологија.

Прегледите се направени во претходните два дена посветено во акцијата за јакнење на свесноста за женското кардиваскулано здравје. Загрижувачки е што жените од помладата и средната возраст ретко го контролираат своето кардиоваскуларно здравје.

Во акцијата за подигнување на свеста беа пристуни сопругите на амбасадорите во Македонија и сопругата на претседателот Пендаровски.

Оваа акција ќе трае 3 месеци, за овие прегледи не важи системот „Мој термин“, прегледите се закажуваат преку матичниот доктор. Во овој кабиент се прави ехо и екг на срце, се зема крв и според резулатите кардиолозите превземаат понатамошни чекори.

Акцијата е и со цел цел да се подигне внимаванието за дебелината, недоволната физичка активност, пушење цигари, и лошата исхрана.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content