СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Денеска почнува да работи собраниското тв-студио

Со утринските вести во 10 часот и 30 минути, денеска официјално почнува продукцијата на нови програмски содржини на Собранискиот канал.

Покрај директните преноси на пленарните седници и снимките од седниците на работните тела, како што информираат од собраниската прес-служба, ќе може да се следат и програмски содржини со кои ќе се постигне нов стандард во парламентарната транспарентност, со што собраниските активности најнепосредно се доближуваат до граѓаните.

Ќе има можност да се следат емисијата од информативен карактер за дневните собраниски активности „Вести“ што ќе се емитува три пати дневно во текот работната недела и тоа во 10:30 часот, 14 и 30 и 18 часот и 30 минути. Гостин во првите вести на Собранискиот канал, денеска во информативното издание во 14 часот и 30 минути е Претседателот на Собранието на Република Македонија, се наведува во соопштението.

Во емисијата „Законодавен брифинг“ ќе бидат презентирани предложените и донесените закони, со цел јавноста да биде целосно и изворно информирана за целите на предложените и донесените закони. Емисијата „Собраниска ризница“ ќе ги претстави просторните содржини во Собранието, нивниот историјат и значење.

„Интервју“ ќе опфати интервјуа со раководството во Собранието и државата; со поранешни претседатели на Собранието; со претставници на организации кои учествуваат во законодавниот процес и слично.

Како што информираат од собраниската прес-служба, ќе се емитуваат и настани поврзани со нашата држава кои се одржуваат во Европскиот парламент, Организацијата на Обединетите Нации и други меѓународни организации, како и содржини произлезени од соработка со други парламентарни канали.

За време на претседателските и парламентарните избори 2024 година на Собранискиот канал ќе имате прилика да го проследите бесплатното политичко претставување на кандидатите, за време на кампањата, од 16 до 22 часот, се наведува во соопштението.

По завршување на парламентарните избори ќе се емитува и емисијата „Вашиот пратеник“ со која ќе биде претставен секој пратеник, и емисијата „Економски паралментарен брифинг“ на која ќе има дебати за економските закони.

Почетниот период на работа на Собранискиот канал со презентираните содржини ќе трае шест месеци, по кој програмските содржини ќе се збогатат.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content