Технологија

Русија подготвена за „гасење“ на интернетот

Руските власти обезбедија правна основа за гасење на интернетот во земјата, откако законот стапи на сила откако го потпиша Путин. Целта на руската влада е да се создаде инфраструктура за т.н. „суверен“ интернет, како нужна основа за одбрана од надворешни сајбер напади.

Но критичарите на овој потег гледаат како чекор кон спроведување на цензура. Ако предходно давателите на интернет услуги делуваа под слободни пазарни услови, сега руската држава може да врши целосна контрола.

Рускиот интернет сообраќај ќе се пренесува преку посебен центар во земјата, чија инфраструктура допрва треба да се гради. Двателите на интернет услугите мора да инсталираат опрема потребна за успешна транзиција.

Бројни интернет страници на опозицијата се веќе блокирани во Русија. Илјадници луѓе протестираа против законот којшто Путин го потпиша во мај.

Дмитриј Песков, портпаролот на претседателот, изјави дека Русија не сака да се исклучи од интернетот, туку се подготвува за можноста Западот да и го исклучи интернетот.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content