Здравје

Матичните бараат повисока капитација

Самостојниот синдикат за здравство фармација и социјална заштита бара јануарските плати на сите здравствени работници да бидат покачени за 16 проценти, а до крајот на годината на дел од медицинските сестри да им бидат надополнети 3 те –отсто кои не ги добија со покачувањето на платата на почетокот на 2019 година. Ваква одлука донел советот на синдикатот.

Зголемување на платата бараат и матичните лекари. Се надеваат дека Власта ќе остане на ветувањето капитациониот бод кој сега изнесува 55 денари до крајот на идната година да достигне 90 денари.

– Само матичните лекари се без покачување на бодот 3 години. Последен пат тоа беше во 2016 година кога капитацијата беше покачена на 55 денари, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ

За колку ќе се зголеми платата на матичните лекари и кога ќе добијат повеќе пари од државата, здравствените власти најавија дека ќе обелоденат идната недела.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content