СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Кој сака јагнешко за Велигден, скапо ќе го плати

Цената на килограм јагнешко месо во месарниците годинава се движи меѓу 500 и 550 денари. За граѓаните и нивниот животен стандард ова е прескапо и прашање е дали воопшто ќе се решат да си го дозволат тој луксуз.

Но, цената на македонското јагне е превисока и за традиционалните купувачи во Италија и Хрватска, па во овие земји, според извори од кланичката индустрија, јагнешкото месо послабо се продава. Годинава македонските одгледувачи на јагниња продаваат јагне за над 200 денари жива мера и се незадоволни од цената.

Веќе стана традиција цените на месото и зеленчукот да се зголемуваат пред Велигден и другите празници.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content