Здравје

Зошто денот треба да го започнете со вода со лимон

Ако испиеме чаша вода со лимон после оброкот, ја намалуваме можноста од настанување на лош здив.

Водата со лимон го чисти телото од токсини, помага во намалувањето на килограмите и осигурува дневна доза на антиоксиданси и витамин Ц. Исто така, водата со лимон нè поттикнува на целодневна хидратација, односно внесување доволна количина вода во текот на денот.

Потребно е да се нагласи дека во водата треба да се додаде свеж лимон, а нејзиниот вкус може да се зајакне со додавање на други состојки како мента, ѓумбир и цимет.

Консумирањето топла или ладна вода со лимон на гладно се користи за поттикнување на системот за варење, а ако испиеме чаша вода со лимон после оброкот, ја намалуваме можноста од настанување на лош здив.

Иако водата со лимон има многу предности, постојат и лоши страни од претераната консумација. Ако се пие пречесто наутро може да предизвика поголемо лачење на киселина во желудникот, а исто така може да дојде до преосетливост на забите и настанување на кариес.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content