Здравје

Се уште не функционира најавената мерка за задржување на младите лекари во земјава

Млади дипломирани лекари со државна лиценца повеќе од еден месец чекаат да почнат со 6 месечна платена работа во службите за Брза Помош, вакцинални пунктови и патронажна нега. И додека министерството за здравство ова го најави како мерка за спречување на егзодусот на младите доктори од земјата и нивно вклучување на пазарот на трудот, 53-ца кои се пријавија на огласот се уште не добиле повик за почнување со работна пракса. Иако најавите на надлежните беа дека ќе почнат од први септември, здравствените власти се уште не добиле финансиска согласност за тоа.

– На огласот се пријавени 53 кандидати за платена пракса. Во моментов, Министерството за здравство чека согласност од Министерство за финансии, велат од Министерство за здравство.

На ова реагираат и од Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти кои велат дека нивни колеги чекаат, одбиваат вработување во приватни установи и со тоа имаат нерешено егзистенцијално прашање. Од друга страна, статистиката покажува дека повеќе од половината што завршуваат медицински факултет иднината ја гледаат во странство.

И додека оваа мерка е добра за пракса за младиот кадар, лекари се сомневаат дека тие можат да го заменат дефицитарниот недостиг од доктори во здравствени установи бидејќи не можат да одат на терен во Брза Помош без ментори.

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content