Политика

Историска грешка – Франција на удар во ЕУ поради блокирање на надежите на Балканот

Високи претставници на Европската Унија, загрижени поради засиленото влијание на Кина и на Русија на Балканот, ја обвинија Франција дека прави „историска грешка" со одбивањето да се одобри почеток на преговори на Македонија и Албанија.

Македонија, Албанија и четири балкански држви – Босна, Косово, Црна Гора и Србија, се обидуваат да пристапат кон најголемата трговска унија, по етничките војни во 90-те години што доведоа до распаѓање на Југославија, коментира Ројтерс.

Меѓутоа, иако 28-те земји-членки го гледаат како неизбежно членството на Балканот во ЕУ, францускиот претседател Емануел Макрон го блокираше стартот на преговорите со Македонија и Албанија, во шестчасовната емотивна дебата на ЕУ Самитот, наведува агенцијата. /МИА

Тагови
Прикажи повеќе

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skip to content